Нова работна средба во СУНРРМ

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Премтим Исени и Координаторот на Стручната служба на Советот на 28.05.2018 година,одржаа работна средба со претставникот на друштвото за ревизија Владимир Соколовски од Ernst & Young (big four) од Република Македонија и претставниците на друштвата за ревизија – членки на меѓународни ревизорски мрежи … Read more

Работен состанок со друштва за ревизија

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени и Координаторот на Стручната служба на Советот, Дафина Талева Хаџи-Васкова на 22.05.2018 година одржаа работен состанок со дел на претставници на друштва за ревизија – членки на меѓународни ревизорски мрежи. На средбата присуствуваа: Антонио Велјанов од Moore Stephens Macedonia, Ружица Филипчева … Read more

СУНРРМ на Пленарна седница на IFIAR во Отава

На покана на International forum of Independent Audit Regulators – IFIAR за учество на годишниот IFIAR 2018 PLENARY MEETING – MEETING WITH THE IFIAR OFFICERS, а на предлог на Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Република Македонија членот на Советот ,проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска и координаторот на стручната служба на … Read more

Работен состанок на СУНРРМ со Big Four

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Р.М и Координаторот на стручната служба на Советот на 04.05.2018 година одржаа работен состанок со претставници на big four од Р.М. На средбата присуствуваа: Љубе Ѓеорѓиески од ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО СКОПЈЕ , Лидија Нануш од ДИЛОИТ ДОО СКОПЈЕ и Гордана Никушева и Срѓан Рангеловиќ од … Read more

Работна средба со Министерство за финансии

На 18.01.2018 година во просториите на Министерството за финансии се одржа работна средба на која присуствуваа: в.д. Претседателот на Советот Премтим Исени, член на Советот Дарко Блажевски и дел од вработените во стручната служба на Советот, претседателот на ИОРРМ Борислав Атанасовски и членови на Управниот одбор на ИОРРМ како и претставници на Министерството за финансии. … Read more

Состанок со Светска Банка

На ден 19.12.2017 година во просториите на Советот се одржа состанок помеѓу Претседателот на Советот, Премтим Исени и Претставници на Центарот на реформи на финансиските извештај на Светска Банка, Калина Шукарова и Абас Хасан Казилбаш. На состанокот се дискутираше за предлог измените на Законот за ревизија кои што се изготвени заеднички со Институтот на овластени … Read more

СУНРРМ на усовршување

Во рамките на реализација на Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2017 година, в.д. претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија г-дин Премтим Исени со вработени во стручната служба на Советот присуствуваа на последниот циклус на часови за 2017 година во организација на Иститутот на овластени ревизори на Република … Read more

СУНР на работна посета во Тирана

На 16.09.2015 година, г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова беше во работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Албанија. На работната средба присутен беше и амбасадорот на Република Македонија во Тирана, г-дин Стојан Карајанов. Нa состанокот се дискутираше околу надлежностите и овластувањата на Советот како независно и самостојно регулаторно тело на ревизијата во Република Македонија.

Нов меморандум за соработка – СУНР и УФР

На ден 12.05.2015 година, Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) и Министерство за Финансии – Управа за финансиско разузнавање (УФР) потпишаа Меморандум за Соработка. Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНРРМ и УФР поврзана со размена и користење на информации и за размена на искуства помеѓу двете институции.

Учество на работилница

Од 30 – ти септември до 1 – ви октомври 2013 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова учествуваше на работилницата со тема “Транспонирање на ЕУ резултати, препораки и финансиско известување на крстосница: тековна состојба и идни планови во Европа”, организирана од страна на Светска банка – … Read more

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и АСО

На ден 05.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Агенција за супервизија на осигурувањето (АСО) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и АСО поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и КХВ

На 02.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Комисија за хартии од вредност (КХВ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и КХВ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Нови лиценци

На ден 12.06.2013 година, ќе бидат доделени лиценците на лиценцираните овластени ревизори, лиценцираните друштва за ревизија и лиценцираните овластени ревизори – трговци поединци. Свеченото доделување ќе се одржи во просториите на Економски факултет во 14 часот, во амфитеатар број 2.

Доделување на лиценци

На ден 16.04.2013 година, во свечената сала во “Порта Македонија”, од страна на Министерот за финансии Зоран Ставревски и Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Соња Ѓелова Стојанова, беа доделени првите 40 лиценци за овластени ревизори во Република Македонија.

Нови простории

Во месец декември, 2012 година свечено беа пуштени во употреба новите простории на Советот за унапредување и надзор на ревизијата лоцирани на последниот кат во Градскиот Тргновски Центар во Скопје. На свеченото отварање на канцелариите, присуствуваа Претседателот на Советот, како и членовите на советот и претставници од останатите владини институции од земјава. Во новите модерно опремени … Read more