Учество на работилница

Од 30 – ти септември до 1 – ви октомври 2013 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова учествуваше на работилницата со тема “Транспонирање на ЕУ резултати, препораки и финансиско известување на крстосница: тековна состојба и идни планови во Европа”, организирана од страна на Светска банка – Центар за реформи во финансиското известување од Виена.

Учесници покрај претставниците од Република Македонија имаше и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Хрватска.

На дводневната работилница од страна на учесниците беа истакнати тековните состојба и идни планови за реформи во областа на сметководството и ревизијата.