Меморандум за соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ

На ден 19.11.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Централниот регистар на Република Македонија (ЦРРМ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Работна средба на СУНР и ИОРРМ

На почетокот на месец Ноември, во Домот на пратеници во Скопје беше организирана работна средба помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата и претставници од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, на која што беа дискутирани теми поврзани со заедничката соработка. Подолу може да погледнете слики од одржаната работна средба.

Учество на работилница

Од 30 – ти септември до 1 – ви октомври 2013 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова учествуваше на работилницата со тема “Транспонирање на ЕУ резултати, препораки и финансиско известување на крстосница: тековна состојба и идни планови во Европа”, организирана од страна на Светска банка – … Read more

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и АСО

На ден 05.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Агенција за супервизија на осигурувањето (АСО) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и АСО поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и КХВ

На 02.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Комисија за хартии од вредност (КХВ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и КХВ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Нови лиценци

На ден 12.06.2013 година, ќе бидат доделени лиценците на лиценцираните овластени ревизори, лиценцираните друштва за ревизија и лиценцираните овластени ревизори – трговци поединци. Свеченото доделување ќе се одржи во просториите на Економски факултет во 14 часот, во амфитеатар број 2.

Доделување на лиценци

На ден 16.04.2013 година, во свечената сала во “Порта Македонија”, од страна на Министерот за финансии Зоран Ставревски и Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Соња Ѓелова Стојанова, беа доделени првите 40 лиценци за овластени ревизори во Република Македонија.

Нови простории

Во месец декември, 2012 година свечено беа пуштени во употреба новите простории на Советот за унапредување и надзор на ревизијата лоцирани на последниот кат во Градскиот Тргновски Центар во Скопје. На свеченото отварање на канцелариите, присуствуваа Претседателот на Советот, како и членовите на советот и претставници од останатите владини институции од земјава. Во новите модерно опремени … Read more

Донесен буџетот за СУНР

Кон крајот на 2012, односно почетокот на 2013 година беше донесен буџетот за Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Донесувањето на буџетот т.е. годишниот план за финансирање на функциите и обврските на самиот совет се состои од годишна проценка на приходите и на трошоците по намени. Буџетот за 2013 година е донесен врз основа на … Read more

Нови е-мејл адреси

Од месец јануари 2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата започна да ги користи официјалните е-мејл адреси под доменот sunr.mk. Земајќи го в предвид фактот дека електронската комуникација зема се поголем замав, сметаме дека на овој начин ќе ја забрзаме комуникацијата во рамките на целата институција, како и со надворешни лица и соработници. … Read more