Континуирано и професионално усовршување

Од 30.09.2015 до 02.10.2015, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова со дел од вработените учествуваа на предавањата за Континуирано професионално усовршување организирани од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија во Хотел Сириус, Струмица, Република Македонија. На 02.10.2015 година претставник од вработените на Советот одржа презентација пред присутните овластени ревизори на тема: Пазарот за ревизија во Република Македонија – Состојби, перспективи и идеи за развој преку извештаите за транспарентност. На крајот од презентацијата беше отворен форум на кој активно учество задоа сите присутни овластени ревизори каде ги изнесоа нивните идеи за унапредување на пазарот на ревизија во Република Македонија. По излагањето на вработениот во Советот, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова, истaкна дека сите идеи од овластените ревизори се добродојдени и детално ќе се разработат со цел унапредување на пазарот на ревизија во Република Македонија.

Одржаната презентација можете да ја преземете од следниот линк.