СУНР на работна посета во Љубљана

На ден 15.07.2015 година, Претседателот на Советот Соња Ѓелова – Стојанова беше на работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Љубљана, Република Словенија. На средбата присуствување Аташето г-дин Александар Димовски. Претседателот на Советот ја запозна Амбасадата на Република Македонија во Словенија со улогата, целите и визиите на Советот со цел меѓународна афирмација на Советот во Република Словенија. Покрај другото, Претседателот на Советот посебно истакна дека е од особено значење да се запознаат потенцијалните инвеститори од Република Словенија со директна надлежност на Советот и индиректна мисија на Советот да го штитат интересот на јавноста, кредиторите и инвеститорите. Репрезентативната брошура можете да ја преземете од овој линк.