Меморандум за соработка со АЈНРРС

На ден 15.07.2015 година во Љубљана, Словенија во седиштетото на Агенцијата за јавен надзор на ревизијата на Република Словенија, Советот ја продлабочи својата соработка со тамошниот регулатор со потпишување на Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на … Read more

СУНР на конференцијата EduCop

На 09 и 10 јуни 2015 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и двајца вработени во Советот присуствуваат на конференцијата EduCop организирана од страна на Светска банка на тема Постигнување на квалитет во образованието: Усогласнување на универзитетските наставни програми со меѓународните стандарди. Претседателот на Советот, одржа … Read more

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и БСВ

На ден 06.05.2015 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (Советот) и Бирото за судски вештачења (Бирото) потпишаа Меморандум за Соработка. Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу Советот и Бирото поврзана со размена и користење на информации и за размена на искуства помеѓу двете институции.

Нов меморандум за соработка – СУНР и УФР

На ден 12.05.2015 година, Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) и Министерство за Финансии – Управа за финансиско разузнавање (УФР) потпишаа Меморандум за Соработка. Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНРРМ и УФР поврзана со размена и користење на информации и за размена на искуства помеѓу двете институции.