Меморандум за соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ

На ден 19.11.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Централниот регистар на Република Македонија (ЦРРМ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Работна средба на СУНР и ИОРРМ

На почетокот на месец Ноември, во Домот на пратеници во Скопје беше организирана работна средба помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата и претставници од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, на која што беа дискутирани теми поврзани со заедничката соработка. Подолу може да погледнете слики од одржаната работна средба.

Учество на работилница

Од 30 – ти септември до 1 – ви октомври 2013 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова учествуваше на работилницата со тема “Транспонирање на ЕУ резултати, препораки и финансиско известување на крстосница: тековна состојба и идни планови во Европа”, организирана од страна на Светска банка – … Read more

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и АСО

На ден 05.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Агенција за супервизија на осигурувањето (АСО) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и АСО поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.

Меморандум за соработка помеѓу СУНР и КХВ

На 02.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Комисија за хартии од вредност (КХВ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и КХВ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.