Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ

Во рамките на реализација на Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2018 година, Координаторот на стручната служба на Советот со соработниците Светлана Ѓорѓиевска и Марија Кузманов присуствуваа на последниот циклус на часови за 2018 година во организација на Иститутот на овластени ревизори на Република Македонија. Истата се одржа на 28, 29 и 30 ноември 2018 година во Холидеј Ин – Скопје.

На обуката присутните од Советот ги следеа следните теми:

  1. МСФИ 16 – Наеми,
  2. Предизвици во супервизијата на друштвата за осигурување,
  3. Како автоматизираниот процесможе да помогне за подобрување на процесот на ревизија?
  4. Дигитализација и ревизија ,
  5. Актуелни прашања во ревизијата од аспект на регулаторните тела и други релевантни институции – Панел дискусија,со претставници на регулаторите:НБРМ,КХВ,АСО.МАПАС,МБ и ЦРРМ.
  6. Како автоматизираниот процес може да помогне за подобрување на процесот на ревизија?

Координаторот на Дирекцијата за истражување и развој при АСО, д-р Дарко Блажевски кој е воедно и в.д член на Советот имаше сеопфатна презентација на измените во Законот за супервизија на осигурување , на новите подзаконски акти на Агенцијата и предизвиците кои претстојат со транспонирање на Директивата Солвентност 2 и примена на МСФИ 17.

2

Особено внимание и интерес кај присутните предизвика презентацијата на тема Дигитализација и ревизија, од страна на Драган Давитков, овластен ревизор од Друштво за ревизија Прајсвотерхаус куперс Ревизија ДОО Скопје, кој беше член во предходниот состав на Советот за унапредување и развој на ревизијата на Република Македонија.

3

На панел дискусијата со претставници на регулаторите како претставник на НБРМ учествуваше в.д. членот на Советот д-р Илија Андовски. Панел дискусијата беше можност присутните да се запознаат со значењето на ревизијата во остварување на мисијата на регулаторните тела и институции кои ги претставуваа.Членот на Советот Благоја Христов се приклучи во следењето на панелот.

4

За прв пат на КПУ , во завршниот дел со своја презентација учествуваше и студент од трета година на Департман Сметководство и ревизија на Економски факултет – Скопје при Универзитетот ” Св. Кирил и Методиј ” во Скопје, Адријана Димитриевиќ.