Присуство на Министерска конференција

Во период од 26.11.2018 до 30.11.2018 година претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени и вработениот Владо Митев, соработник во стручната служба на Советот, присуствуваа на Министерска конференција која се одржа во Виена, Австрија.

Конференцијата се одржа на 27.11.2018 година под покровителство на Австриското Претседателство на Советот на Европската Унија на тема: “Високо квалитетни финансиски извештаи како алатка за економска интеграција”. Под мотото “Министерска конференција недела на настани 26-29 Ноември ” беа одржани повеке посебни тематски работилници Патот до Европа: Програма за сметководствени реформи и институционално зајакнување (EU-REPARS),и Заедница за пракса на финансиска регулатива (FRCOP).

Организатор на настанот беше Центарот на реформи во финансиското известување на Светска банка. Присуствуваа околу 250 делегати од високо ниво, вклучително и министри за финансии, финансиски регулаторни тела како и високи претставници од јавниот и приватниот сектор, претставници на професионалната и академската заедница, и експерти од клучни меѓународни и Европски институции.

На Министерската конференција присуствуваше и министерот за финансии на Република Македонија, Д-р Драган Тевдовски. Конференцијата беше фокусирана на постигнување поголемата одговорност во јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи и продлабочи економската интеграција на ЕУ и нејзините непосредни соседи од Западен Балкан.

На 26 Ноември се одржа PULSAR STAREP and EU – REPARIS Senior Officials ‘ Workshop, на која работилница присуствуваа председатели на регулаторни тела и раководни лица одговорни за реформи во сметководството и ревизијата презентирајки ги своите искуства и постигнатиот напредок.

Исто така со учество на претседатели на регулаторни тела на 26 и 28 Ноември се одржа Executive IFRS Workshop for Regulators ,работилница на која беше ставен акцент на унапредувањето и развојот на регулаторните тела, беа презентирани разликите и спецификите на регулаторните тела со примери од ЕУ и Централна Азија.

На 28 Ноември се одржа работилница STAREP and PULSAR EDUCOP со претставници на универзитети,професионални сметководствени организации и регулатори инволвирани во сметководствените едукативни реформи, од аспект на мегународни стандарди и добрите практики на финансиските извештаи во приватниот сектор.

Заедничка работилница на тема STAREP AACOP, PULSAR FINKOP and EU REPARIS FRCOP се одржа на 28 Ноември на која присуствуваа практичари од сметководството,ревизијата и финансиското известување кои преку средби ” лице во лице” ги презентираа своите искуства од влијанието на технологијата во финансиското известување.

Исто така, заедничка работилница на тема EU REPARIS FRCOP and STAREP AACOP се одржа на 29 Ноември на која присутните се фокусираа на системот на контрола на квалитет и процесот на вршење на истата, со акцент на досегашниот прогрес и резултатите од реформите постигнати од досегашното користење на EU – REPARIS и STAREP, на земјите учесници на овие проекти.