Нови лиценци

На ден 12.06.2013 година, ќе бидат доделени лиценците на лиценцираните овластени ревизори, лиценцираните друштва за ревизија и лиценцираните овластени ревизори – трговци поединци. Свеченото доделување ќе се одржи во просториите на Економски факултет во 14 часот, во амфитеатар број 2.

Доделување на лиценци

На ден 16.04.2013 година, во свечената сала во “Порта Македонија”, од страна на Министерот за финансии Зоран Ставревски и Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Соња Ѓелова Стојанова, беа доделени првите 40 лиценци за овластени ревизори во Република Македонија.