СУНРРМ на конференција во Букурешт

На 09 и 10 ноември 2015 година во Букурешт, Романија, Претседателот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и претставници од вработени во Советот присуствуваат на Меѓународната конференцијата организирана од Одборот за надзор од јавен интерес на сметководствената професија на Романија и Комората за финансиски ревизори на Романија на тема Зајакнување на кредибилитетот на финансиските извештаи. Претседателот на Советот Соња Ѓелова – Стојанова, се обрати на Конференцијата каде го истакна напредокот на Република Македонија во областа на унапредувањето и надзор на ревизијата, придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизорската професија, како и зајакнување на довербата на инвеститорите. Воедно, од страна на Претседателот на Советот беа истакнати и големиот број активности и реализирани проекти кои ги превзема и реализира Советот на меѓународен план.

Говорот на Претседателот можете да го превземете на следниов линк.

Претставник од вработените на Советот одржа кратка презентација за работата и надлежностите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија. Презентацијата можете да ја превземете на следниов линк.