Работна посета на амбасадата во Букурешт

На 12.11.2015 година, г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова, Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија беше во официјална работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Букурешт, Романија каде oствари средба со Амбасадорот г-дин Панде Лазаревски. На средбата се разговараше околу начинот на привлекување на ивеститорите во Македонија, како и за надлежностите и улогата на Советот на полето на заштита на капиталoт на ивеститорите, како и за вреднoста на ревизорските услуги од аспект на јавноста и самите инвеститори. Во разговорите посебно беше подвлечен фактот што соработката помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Одборот за јавен надзор на сметководствената професија на Романија преку потпишување на Меморандумот е од особено значење за потенцијалните инвеститорите гледано низ призмата на заштита на нивниот капитал.