Работилница на вработените на Стручната служба на Советот

Претседателот на Советот, Александар Наумоски, со вработените во стручната служба,  во просториите на Советот, одржа работилница, по повод одржаниот работен состанок со претставници од Светска Банка – ЦФРР Виена.

На работилницата се дискутираа повеќе теми во однос на надлежностите на Советот. Контролата на квалитет генерално, со акцент на контролата на квалитет врз трговските друштва во кои има удел државата или јавни претпријатија кои би биле дефинирани како правни лица од јавен интерес(ПЛЈИ). Надлежност која се префрла од Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија во Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија со новиот Предлог закон за ревизија. Поим кој е неопходно да биде дефиниран во Законот за трговските друштва, согласно новиот Предлог закон за ревизија. Лиценцирањето на овластените ревизори и креирање на Регистар на ревизори. Промоција на ревизорската професија во соработка со Институтот.