Одржана 5-та седница на Советот

На 22.04.2024 годинa, во просториите на Советот, се одржа петата седница на Советот. На седницата присуствуваа Претседателот на Институтот, Ненад Тортевски и Генерален секретар на Институтот, Татјана Тодоровска.

На седницата се донесе и Одлука за давање на согласност на „Годишен извештај за работењето на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија“ за 2023 година и Одлука за давање на согласност на „Годишен извештај за работењето на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија“ за 2023 година.

Присуство на претставниците  на Институтот, претставува нова форма на директна соработка на членовите на Советот и членовите на УО на Институтот. Целта е преку директна комуникација, заеднички да се делува во насока на координирање на стратешките документи, за унапредување, поттикнување и придржување кон високите професионални стандарди во ревизорската професија. Во правец да се зголеми довербата и транспарентноста во податоците и информациите искажани во годишните извештаи на двете институции, со тоа да се минимизираат потенцијалните ризици, со што се влијае кон подобрување на целокупната бизнис клима во Република Северна Македонија.

Истовремено, извршена е и првична aнализа на добиените податоци за изготвување на Годишниот извештај за транспарентност за 2023 година, усвоен беше и Квартален финансиски извештај на работењето на Советот за период јануари –  март 2024 година.