СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИСИЈАТА НА СВЕТСКАТА БАНКА

Претседателот на Советот, Александар Наумоски, на 23.02.2024 година , во просториите на Советот, одржа работен состанок со претставниците на мисијата на Светската банка – Центарот за реформи и финансиско известување од Виена („WB-CFFR Vienna„), во организација на канцеларијата на Светската банка во Скопје.

Мисијата е предводена од г.Гарик Сергејан, Виш специјалист на финансиски менаџмент, г.Паскал Фрережак, г-ѓа Светлана Платон придружувани од проф.Атанаско Атанaсовски.

Се разговараше за начинот и содржината на подготовката за изработка на „РОСК Извештајот“ финансиран од РЕПАРИС програмата на Светска Банка, поддржана од Европската Унија, кој се очекува да биде изготвен до крај на првата половина од 2024 година.

Наведениот РОСК Извештај би требало да содржи институционалната рамка за финансиско известување и ревизија на земјата за корпоративниот сектор, усогласеноста на земјата со релевантните одредби од „Acquis Communautaire“ на ЕУ за корпоративно финансиско известување и ревизија, како и со Директивата на ЕУ за известување за корпоративна одржливост. Оценување на тековните практики за сметководство и ревизија на корпоративниот сектор и оценување на пристапот за квалитетот на финансиските информации од страна на корисниците на финансиските извештаи. Како конкретно учество на Советот, претседателот Наумоски нагласи дека е потребна и директна и континуирана  комуникација со претставниците на Светската банка во Скопје и со Центарот CFFR во Виена. Со цел презентирање на надлежностите на Советот поврзани со вршење на Контролата на квалитет на ревизорските извештаи, во правните лица од јавен интерес (ПЛЈИ). Лиценцирањето на овластените ревизори, водењето на регистар на ревизори, континуирано професионално усовршување на ревизорите, со акцент на промоција на ревизорската професија кај младите студенти.

Со цел оптимално изготвување на наведениот РОСК извештај, стручната служба на Советот изврши презентација на анализата на состојбата со ревизијата на Република Северна Македонија, преку воведени нови методи со табеларните анализи и прегледи за извршени контроли на квалитет доставени од Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија.