Присуство на Second regional audit quality assurance forum

Ве периодот од 7 до 8 Ноември 2023 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Александар Наумоски, членовите на Советот и дел од вработените во стручната служба на Советот, Second regional audit quality assurance forum на тема Practical Examples of Public Oversight and quality control of Audit, во Скопје, Сверна Македонија.

Воведниот состанок на Регионалниот форум за обезбедување квалитет на ревизијата се одржа во Виена на 16-17 мај 2023 година и ги собра претставниците на надлежните органи одговорни за јавен надзор и обезбедување квалитет во земјите од Западен Балкан.

Вториот форум имаше за цел да обезбеди приспособена обука за членовите на одборот, клучниот извршен персонал на надлежните органи и инспекторите за квалитет на ревизијата за управување, принципи и практично спроведување на системите за јавен надзор и обезбедување квалитет. Институтот за овластени сметководители во Англија и Велс беше ангажиран да го поддржи спроведувањето на активностите во рамките на компонентите Б и В од REPARIS за МСП и обезбеди обуки и материјали за учење.

Дополнително, учесниците научија за улогата и одговорностите на ревизорските одбори во однос на финансиското известување и одржливоста во согласност со одредбите на ЕУ. Ова им помогне подобро да ја разберат работата на одборите за ревизија и да развијат соодветна методологија.