Присуство на Good Practices in Audit Oversight and Enforcement: Insights from the Polish Agency for Audit Oversight

Ве периодот од 3 до 4 Октомври 2023 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Александар Наумоски, и вработените во стручната служба на Советот, Владо Митев, Марија Кузманов, и Маја Панајотова присуствуваа на настан за споделување знаење на тема Добри практики во надзор и спроведувањето на ревизијата: Пример од Полската агенција за ревизорски надзор, во во Варшава, Полска.

Целта на овој настан за споделување знаење е да се научи од искуството на Полска во врска со имплементацијата на системите за јавен надзор и обезбедување квалитет, во согласност со одредбите на ЕУ. Учесниците имаа можност да слушнат како клучните одредби од Директивата 2013/34/EC3 како и нивните искуства и примена на истите при транспонирање во полското законодавство.

Настанот беше организиран во соработка за Полската агенција за надзор на ревизијата. Учесниците на настанот имаа можност да се претстават и да го презентираат начинот на функционирање на своите институции.