Присуство на Inaugural Meeting of the Regional Audit Quality Assurance Forum

Ве периодот од 16 и 17 мај 2023 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Александар Наумоски, и вработените во стручната служба на Советот, Владо Митев – советник за меѓународна соработка и развој, и Марија Кузманов – советник за лиценцирање, присуствуваа на Инаугуративен состанок на Регионалниот форум за обезбедување квалитет на ревизијата на тема Подобрување на квалитетот на ревизијата во земјите од Западен Балкан преку регионална соработка, во Виена Австрија.

 

Клучните цели на првиот регионален форум за обезбедување квалитет на ревизијата беа:

  • Да се разбере како Комитетот на европските тела за надзор на ревизијата врши проценки за еквивалентност и соодветност,
  • Да се научи од искуството на Република Словачка во спроведувањето на јавниот надзор и системи за обезбедување квалитет во согласност со одредбите на ЕУ,
  • Да се сподели постојното искуство во земјите од Западен Балкан во врска со воспоставувањето на системи за јавен надзор и обезбедување квалитет,
  • Да се научат од Институтот на овластени сметководители во Англија и Велс за нивната улога во однос на делегираните задачи,
  • Да се договори програма за обука на инспектори за обезбедување квалитет,
  • Да се договори работната програма за следните 18 месеци, вклучително и зачестеноста на состаноците.

На форумот, Претседателот на Советот, Александар Наумоски, имаше излагање на кое ги информираше присутните за моменталниот статус на новиот предлог Законот за ревизија, измените во делот на новите надлежности на  Советот со акцент на правните лица од јавен интерес, контролата на квалитет на правни лица од јавен интерес  и предизвиците кои ќе следат во правец на кадровско и техничко зајакнување на Советот.