Во периодот од 28 до 29 мај 2024, претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Александар Наумоски и членовите на Советот, Коста Спасески и Арбен Халили, присуствуваа на настан во организација на Светска Банка – Центар на финансиско известување – Виена за споделување знаење на тема „Одговорите на новите барања во корпоративно финансиско известување и известување за одржливост“ во Виена, Австрија.
На настанот учествуваа и претставници од Министерството за финансии, Магдалена Симоновска, државен советник за финансиски систем, Орнела Трајкоска – Пендевска, помошник раководител на Секторот за финансиски систем, Весна Крпачоска, помошник раководител на Секторот за Буџет и фондови, претседателот на Институтот на овластени ревивизори на Република Северна Македонија, Ненад Тортевски, претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија, Горан Рафајловски и претседателот на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Весна Прентоска.
На настанот беше презентирана новата регионалнa програма EAASURE, македонските претставници изразија подршка за вклучување на Советот и останатите заинтересирани страни во активностите на оваа програма.
Главните цели на настанот се:
- Дискутирање за импликациите и научените знаења од имплементацијата на ревизорската реформа на ЕУ за поддршка на земјите-учеснички во нивниот сопствен процес на пристапување и/или усогласување со добрата практика.
- Грчки практични искуства во институционализацијата на рамката за ревизорски надзор во согласност со одредбите на ЕУ.
- Увид и ажурирања од Меѓународниот форум на независни регулатори за ревизија (IFIAR) и дел од неговите членови, особено за наодите од инспекцијата во 2023 година, технологијата во ревизиите и осигурување на известување за одржливост.
- Практични искуства на Советот за финансиско известување на Велика Британија (FRC UK) во врска со годишниот преглед на корпоративното известување и управување.
- Зголемената улога и влијанието на вештачката интелигенција во корпоративното известување.
- Ажурирана методологија за A&A ROSC.
На регионалниот настан учесниците активно ја искористија можноста за размена на искуства и комуникација со експерти за различни актуелни теми поврзани со корпоративната одржливост и финансиско известување, јавниот надзор и ревизијата.