Нови е-мејл адреси

Од месец јануари 2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата започна да ги користи официјалните е-мејл адреси под доменот sunr.mk.

Земајќи го в предвид фактот дека електронската комуникација зема се поголем замав, сметаме дека на овој начин ќе ја забрзаме комуникацијата во рамките на целата институција, како и со надворешни лица и соработници.

За подетални информации околу адресата на која што може да не контактирате, посетете го делот од веб страницата за контакт информации.