Донесен буџетот за СУНР

Кон крајот на 2012, односно почетокот на 2013 година беше донесен буџетот за Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Донесувањето на буџетот т.е. годишниот план за финансирање на функциите и обврските на самиот совет се состои од годишна проценка на приходите и на трошоците по намени.

Буџетот за 2013 година е донесен врз основа на претходно направени детални анализи, истиот е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во земјава и во евро зоната.