Советот за унапредување и надзор на Ревизијата на Република Македонија како институција е активен учесник во „Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција„ помеѓу Европска Унија и Република Македонија, а во рамките на Поглавје 6 – „Право на трговски друштва„.
Редовен годишен состанок на Поткомитетот се одржа во просториите на Европска комисија во Брисел на 30.05.2018г., по двегодишна пауза. Со тринаесеттиот состанок претседаваше претставникот на ЕК од Директоратот за проширување, додека Делегацијата на Република Македонија ја предводеше Блерим Златку, Државен советник во Министерството за економија, додека претставник на Советот беше Жарко Камчев, вработен во Стручната служба на Советот.
Во рамките на дискусијата водена во областа право на трговски друштва и ревизија, Европската комисија ги поздрави напорите на Министерството за Финансии и Советот за воведување и практична имплементација на Директивата 2014/56/ЕУ од Европскиот парламент и Советот на Европска унија од 10.04.2014 за законски ревизии и годишни сметки и консолидирани сметки како и Регулатива 537/2014 за специфичните барања во поглед на законска ревизија за правните лица од јавен интерес.
Како генерален заклучок од одржаниот „Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција„, се потенцира дека претставниците на сите 3 Директорати на Европската Комисија го прифатија предлог текстот доставен од страна на Советот, дека не се доставени посебни забелешки и прашања, и дека истиот ги содржи суштинските елементи на реализираните активности на Советот и јасна визија за понатамошно дејствување поврзано за стручни анализи, препораки, советувања како и јавен надзор на ревизија, со цел унапредување, поттикнување и придржување кон високи професионални стандарди во ревизорска професија.