Соработка со регулаторното тело на Република Косово

Потпишувањето на Меморандумот за соработка со регулаторното тело на Република Косово, претставува проширување на меѓународната мрежа на соработка на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

На 17.09.2018.г во Хотел „Стоун Бриџ„ Скопје, претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени и претседателот на Здружението на овластени сметководители и ревизори на Република Косово, Ардијана Гаши, потпишаа Меморандум за соработка.

На потпишувањето на Меморандумот за соработка присуствуваа сите членови на Советот, вработените во стручната служба на Советот и членовите на Управниот одбор на Здружението на Косово.

По обракањето на двајцата претседатели на сродните регулаторни тела, следеа презентации за надлежностите и работата на телата.

Координаторот на стручната служба на Советот одржа презентација на тема”Историски развој на ревизијата во Република Македонија во периодот од 1997 година до денес,со посебен осврт на основањето и развојот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

“Идните предизвици за унапредување и развој на ревизорската професија” беше тема на која членот на Советот, Николаки Минов одржа презентација. Тој истакна дека ревизорите во Република Македонија се соочуваат со брзо темпо на промени кај моделите на деловни потфати во сите профитни и непрофитни дејности, а влијанието на технологиите стануваат основа а не поддршка на работењето во регулативата која постојано се зголемува Како најзначаен предизвик пред професијата во нашата земја тој го истакна усогласувањето со EU директивата ,2014/56 и ажурирањето на ревизорските стандарди кај нас.

Извршниот директор на Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово, Адријана Буњаку , презентираше за надлежноста и делокругот на работа на Здружението, како и начинот и опфатот на институциите со кои соработуваат . Во презентацијата посебен акцент беше даден на проектите кои ги имаат добиено од повеке донатори , кои им помогнале во јакнењето на капацитетите на Здружението.

Со Меморандумот двете регулаторни тела се обврзаа да работат заеднички во насока на унапредување на ревизорската професија на двете земји користејќи ги позитивните искуства и добрите практики како и во усогласувањето со европската регулатива и ажурирање на ревизорските стандарди кои остануваат најзначаен предизвик за ревизорската професија.