Работна средба на СУНРРМ и ИОРРМ

На 19.11.2018 година, во просториите на Институтот на овластени ревизори на Р.М, се одржа работна средба. На средбата присуствуваа: претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Премтим Исени, претседателот на Институтот Драган Димитров, членот на Советот проф. д-р. Зорица Божиновска – Лазаревска, Координаторот на стручната служба на Советот Дафина Талева Хаџи – Васкова и генералниот секретар на Институтот Тања Тодоровска.

Работната средба беше одржана со цел да се интензивираат активностите помеѓу Советот и ИОРРМ во делот на учеството на нивни претставници на настани кои се во организација како на Советот така и на Институтот.

На средбата беа наведени и конкретни предлози и мислења за унапредување и развој на ревизијата, како и отворени прашања кои Советот и ИОРРМ треба заеднички да ги разрешат, а се од суштинско значење за професијата, детектирани од физичките и правните лица кои вршат работи на ревизија.