На ден 19.12.2023 година во просториите на Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија се одржа работен состанок на Претседателот на Советот, Александар Наумоски, членовите на Советот, и вработените во стручната служба на Советот, со претседателот на Институтот, Ненад Тортевски и членовите на Управниот одбор при Институтот како и вработените во стручната служба на Институтот. Целта на работниот состанок беше изнаоѓање на заедничко решение за некои проблеми со кои се соочуваат Советот и Институтот при своето работење.
На состанокот беа дискутирани теми во однос на одржаната Конференција на Светска Банка во Република Северна Македонија и придонесот на СУНР за нејзино реализирање, предлог Закон за ревизија, начин на водење на дисциплинските постапки низ призма на лоцирање на одговорности на овластените лица и овластените ревизори, и остапка за објавување на Меѓународни стандарди за ревизија.
Ваквите заеднички работни состаноци беа оценети како доста конструктивни, и при тоа присутните се сложија и понатаму да се применува ваква пракса на непосредно комуницирање на Советот и Институтот.