Посета на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје

Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, отпочна со посети на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци, согласно со Годишната програма за работа за 2019 година. Целта на посетите е СУНРРСМ директно и одблиску да се запознае со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат друштвата за ревизија во нивното секојдневно работење.

Во посета на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје (pwc) на 02.04.2019 година беа Премтим Исени – претседател на Советот, Дафина Талева Хаџи Васкова – координатор на стручната служба, Светлана Ѓорѓиевска – соработник и Благој Христов – член на Советот.

На работниот состанок во ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје, овластените ревизори Драган Давитков и Љубе Ѓорѓиевски, дадоа краток осврт на историјатот и развојот на друштвото за ревизија. Притоа, ги истакнаа своите предностите, како и начинот на зајакнување на капацитетите на вработените преку сеопфатна поддршка и инвестиција во нивните знаења. Исто така, ги посочија слабостите со кои се соочуваат при работењето, со конкретни предлози за надминување на истите. Од особено значење ја потенцираа потребата од преземање на натамошни активности во насока на координирање и заедничко дејствувања на регулаторните тела кои ја уредуваат ревизијата како Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и другите регулатори. Со својата екипираност и потенцијалите на вработените во друштвото, изразија подготвеност за понатамошна соработка и несебична помош во унапредување на професијата.