Одбележани 25 години Македонска берза

Од 21 до 23 септември 2026 година, во Хотел Метропол Охрид, се одржа конференцијата по повод 25-годишниот јубилеј на Македонската берза.

На конференцијата присуствуваше и в.д. претседателот на Советот, Филип Василески, заедно со претставници на финансискиот сектор и други релевантни институции.

Настанот беше посветен на развојот и достигнувањата на македонскиот пазар на капитал, актуелните предизвици и идните перспективи, со посебен акцент на размената на искуства и унапредувањето на финансискиот пазар.