Работна средба во Министерство за европски прашања на Република Северна Македонија

Остварена е работна средба со Викторија Трајков, Заменик министер во Министерство за европски прашања, на која беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на институционалните капацитети и продлабочување на меѓуинституционалната соработка.

 

Во рамки на средбата, посебно внимание беше посветено на можностите за подготовка и реализација на идни проектни апликации во областите на развојот и иновациите во комерцијалната ревизија, со цел дополнително јакнење на капацитетите и создавање услови за спроведување на нови развојни иницијативи.

 

На средбата беше разговарано и за активностите поврзани со усогласувањето на националната законска регулатива со законодавството и директивите на Европската Унија. Овој процес е од особено значење во рамки на европската интеграција и исполнувањето на преземените реформски обврски.