Годишна меѓународна конференција за ревизија – „Ехото на одлуките“ (The Echoes of Decisions)

На 15 и 16 септември 2026 година, во хотел „Метропол“ во Охрид, се одржа заедничката Годишна меѓународна конференција за ревизија под наслов „Ехото на одлуките“ (The Echoes of Decisions), во организација на Здружението на внатрешни ревизори на Република Северна Македонија (ЗВРСМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ).
На конференцијата присуствуваа в.д. претседателот на Советот и вработени од стручната служба на Советот, со цел следење на актуелните прашања и трендови во областа на ревизијата. Присуството на конференцијата претставуваше можност за запознавање со современите пристапи, професионални стандарди и практики во областа на ревизијата, како и со предизвиците поврзани со процесот на донесување одлуки и нивните долгорочни последици.
Во рамки на присуството на конференцијата, в.д. претседателот на Советот оствари непосредни разговори со претставници од повеќе ревизорски друштва, беа разменети мислења и искуства во однос на актуелните состојби и предизвици со кои се соочува ревизорската професија.