На ден 11.11.2015 година во Букурешт, Романија, Советот уште повеќе ја продлабочи својата меѓународна соработка со потпишување на Меморандум за соработка со Одборот за надзор од јавен интерес на сметковоствената професија на Романија. Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства и зајакнување на кадровските капацитети, како и зајакнување на системот за надзор на ревизијата помеѓу двете регулаторни тела. Меморандумот за соработка го потпишаа г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова, Претседател на Советот и г-дин Корнелиу Казаку, Претседател на Одборот во присуство на г-дин Панде Лазаревски, Амбасадор на Република Македонија во Романија.