На 13.10.2015 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Одборот за јавен надзор на Република Албанија потпишаа Меморандум за Соработка.
Овој меморандум отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства и зајакнување на капацитетите со цел унапредување и надзор на ревизијата во двете земји.
Потписници на Меморандумот за соработка се г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова, Претседател на Советот за унапредување на и надзор на ревизијата на Република Македонија и г-ѓа Адриана Бербери, Претседател на Одборот за јавен надзор на Република Албанија.