Во рамките на остварувањето на една од надлежностите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија – следење на спроведувањето на годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, г-дин Премтим Исени со вработената Светлана Ѓорѓиевска, присуствуваа на првиот циклус часови за 2019 година во организација на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Истиот се одржа на 30 и 31 мај 2019 година во Холидеј Ин – Скопје.
На првиот ден од обуката беа опфатени и разработени следниве теми:
- Една година од примената на Општата регулатива за заштита на личните податоци,
- Самоевалуација на контролорите во пресрет на новиот Закон за заштита на личните податоци,
- Панел дискусија на тема: “Проблеми и предизвици во професионално организирање и регулирање на независните професии”, и
- МСФИ 15 – Договори со купувачи.