Советот за унапредување и надзор на ревизијата и Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош на ЕУ во Република Северна Македонија, ја продлабочуваат взаемната соработка со цел унапредување и зајакнување на ревизијата во нашата земја.
Со цел зајакнување и институционално проширување на досегашната успешна соработка, Филип Василески, претседателот на Советот и Милиам Абдураими, претседателот на Ревизорското тело, склучија меморандум за соработка.
Документот е солидна основа за продлабочување на соработката преку размена на информации, знаење и искуства, зајакнување на институционалните капацитети во функција на поквалитетни ревизорски извештаи и финансиско известување.

