На 27.11.2018 година во рамките на Министерската конференција во Виена, Австрија, претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени, Државниот секретар во Министерството за финансии на Црна Гора, Нина Вујошевиќ и претседателот на Советот за ревизија на Црна Гора, Ана Крсмановиќ потпишаа Меморандум за соработка.
На потпишувањето на Меморандумот за соработка присуствуваше членот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Зорица Божиновска – Лазаревска.
Со меморандумот двете регулаторни тела се обврзаа да работат заеднички во насока на унапредување на ревизорската професија на двете земји земајќи ги позитивните искуства и другите практики како и во усогласувањето со европска регулатива и ажурирање на ревизорската стандарди кои остануваат најзначаен предизвик за ревизорската професија.