Месец: м.г
Меморандум за соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ
На ден 19.11.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Централниот регистар на Република Македонија (ЦРРМ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и ЦРРМ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.
Работна средба на СУНР и ИОРРМ
На почетокот на месец Ноември, во Домот на пратеници во Скопје беше организирана работна средба помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата и претставници од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, на која што беа дискутирани теми поврзани со заедничката соработка. Подолу може да погледнете слики од одржаната работна средба.