Нови простории

Во месец декември, 2012 година свечено беа пуштени во употреба новите простории на Советот за унапредување и надзор на ревизијата лоцирани на последниот кат во Градскиот Тргновски Центар во Скопје.

На свеченото отварање на канцелариите, присуствуваа Претседателот на Советот, како и членовите на советот и претставници од останатите владини институции од земјава. Во новите модерно опремени простории, од сега па натаму непречено ќе може да се извршуваат сите потребни административни активности и состаноци.

Во чест на отворањето на новите простории збор зеде и преседателката на СУНР, Соња Ѓелова Стојанова, која им се заблагодари на сите они кои помогнаа во опремувањето на новите канцеларии.