Соработка со Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата

На ден 04.04.2016 година во Загреб, Хрватска, Советот повторно ја продлабочи својата меѓународна соработка со уште една земја членка на Европска Унија со потпишување на Меморандум за соработка со Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата на Република Хрватска.

Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства и зајкнување на кадровските капацитети, како и зајакнување на системот за надзор на ревизијата помеѓу двете регулаторни тела.

Соработката пред се ќе се остварува преку развој на заеднички проекти користејќи Твининг и Таекс програмите на Европската Унија. На заедничката средба се истакна подготвеност за соработка помеѓу двете страни преку зачленување на двете тела во меѓународни организации како што се ИФИАР и ЕГАОБ.

Меморандумот го потпишаа г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова, Претседател на Советот и г-динот Жељко Фабер, Претседател на Хрватскиот комитет за јавен надзор на ревизијата.