Соработка со грчко регулаторно тело за надзор на сметководствени и ревизорски стандарди (HASSOB)

Во периодот од 2 до 4 март 2026 година, делагација составена од претставници на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на Репулика Северна Македонија, предводена од в.д. Претседателот на СУНРРСМ Филип Василески, беа во посета на Атина. Во текот на посетата, беа остварени бројни средби со претставниците на Грчкото регулаторно тело, на кои беше разговарано за можностите како нивната експертиза може да му помогне нашиот регулатор.

 

 

Во таа насока беше потпишан Меморандум за соработка кој ќе овозможи во период кој ќе следи да се интензивира соработката помеѓу засегнатите страни.