Соработка со Естонска Ревизорска Асоцијација

На ден 30.03.2016 година во Талин, Естонија, Советот ја продлабочи својата меѓународна соработка со потпишување на Меморандум за соработка со Естонска ревизорска асоцијација.

Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа за надзор и контрола на квалитетот на ревизијата .
Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства и зајакнување на кадровските капацитети, како и зајакнување на системот за надзор на ревизијата помеѓу двете регулаторни тела.

Меморандумот го потпишаа Претседател на Советот, г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова и Претседател на Естонската ревизорска асоцијација г-дин Мерт Мартин Аренгу, на свечениот настан присуствуваат г-динот Сашо Велјановски, Амбасадор на Република Македонија во Естонија и г-динот Даниел Шаер, Амбасадор на Република Естонија во Македонија. На настанот посебно се истакна подготвеност за соработка помеѓу двете ревизорски тела преку учество во заеднички проекти финансирани од ЕУ во насока на развој на електронскиот систем во областа на ревизијата, што ќе допринесе за унапредување на ревизијата во Република Македонија.

april-2016-estapril-2016-est