Соопштение до јавноста

 

На ден 27.5.2020 година се одржа десеттата седница на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија.

Без разлика на кризата со Ковид 19 вирусот, изминатиот период Советот функционираше преку електронски седници. Покрај другите активности, во соработка со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и со Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија, Советот успеа да издејствува донесување Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 123/2020) за пролонгирање на рокот на доставувањето на ревидирани финансиски извештаи до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија од 30.6.2020 година за онолку денови колку што ќе трае вонредната состојба. Пролонгирањето на рокот се однесува за ДОО и ДООЕЛ кои имаат законска обврска да доставуваат ревидирани финансиски извештаи, после спроведена равизија од страна на Овластени ревизори. Преку оваа мерка се помогна избегнување на теренски посети на повеќе од 700 компании од страна на повеќе од 200 лица кои се ангажирани во процесот на ревизија ЗА ВРЕМЕ НА ПИКОТ СО Ковид 19 вирусот, со што се спречи ширењето на заразата во специфичен период.

На електронските седници Советот носеше одлуки за сите тековни работи, со што се покажа дека и преку електронски пат, а со добра организација и висок степен на професионалност може да се функционира и во времиња на рестриктивни мерки.

Денеска Советот одржа прва физичка седница од кога започна кризата со Ковид 19 вирусот. На оваа седница беа разгледувани повеќе точки поврзани со надзорот и унапредувањето на квалитетот на ревизорските извештаи. Седницата ќе продолжи на 03.06.2020-та година (среда), со почеток во 14 часот.

 

Со почит,

Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија