Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени и Координаторот на Стручната служба на Советот, Дафина Талева Хаџи-Васкова на 22.05.2018 година одржаа работен состанок со дел на претставници на друштва за ревизија – членки на меѓународни ревизорски мрежи.
На средбата присуствуваа: Антонио Велјанов од Moore Stephens Macedonia, Ружица Филипчева од Grant Thornton Macedonia, Димитар Андоновски од Audit Macedonia LLC, Љубица Јоанидис од Baker Tilly Joanidis и Драган Димитров од BDO Macedonia.
Претставниците на друштвата за ревизија го поздравија новиот начин на работа на Советот, отвореноста за соработка со правните лица кои вршат работи на ревизија, како и транспарентноста во работењето на Советот.
Исто така беа презентирани конкретни предлози и мислења за унапредување и развој на ревизорската професија и се отворија одреден број прашања кои во иднина треба заеднички практичарите и Советот како регулатор да ги разрешат.
На средбата посебен акцент Претседателот на Советот даде на потребата присутните да ги презентираат очекувањата од Советот, со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат во нивното работење.