Посета на друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје

Посетата на друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје на 04.04.2019 година беше последната планирана и реализирана посета за неделата. На средбата присуствуваа претседателот на Советот – Премтим Исени, соработникот – Светлана Ѓорѓиевска и членот на Советот – д-р Дарко Блажевски.

Овластените ревизори Ружа Филипчева, Марјан Андонов и Сузана Ставриќ, ги запознаа претставниците на Советот со начинот на работењето, организационата структура и меѓународната мрежа во која што членуваат. Дадоа свои предлози за начинот на кој што сметаат дека треба да биде поставеноста на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и ги нагласија надлежностите за кои сметаат дека треба да преминат во Советот. Ги посочија потешкотиите со кои се соочуваат во секојдневното работење, со акцент на проблемите поради неажурираноста на Меѓународните стандарди за ревизија и финансиско известување во македонското законодавство. Претставниците од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија истакнаа дека во моментов се прават напори од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за надминување на наведената состојба и за секоја преземена и реализирана активност ќе бидат известувани правните лица кои вршат работи на ревизијата.