Претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска на 18.04.2019 година својата трета средба ја остварија во друштвото за ревизија Ефект Плус ДООЕЛ Скопје.
Овластените ревизори Кристина Тилиќ и Николаки Миов, кој е член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија ја нагласија потребата од градација на дисциплинските мерки, имајќи ги во вид тежината, последиците, намерата и пред се висината на нанесената штета од непочитувањето на препораките дадени од контролорите. Беше укажано дека во Законот за ревизија не е запазено начелото на двостепеност во постапка, за што треба да се укаже на предлагачот на Законот истото да биде вметнато во новиот Закон за ревизија. Исто така, претставниците на друштвото ја истакнаа потребата од изготвување на алатка за минимални обврски за ревизорските ангажмани, со претходна анализа на воспоставените алатки од страна на некој Институт во регионот, која во примената се потврдила со својата ефикасност.