Посета на друштвото за ревизија А&БА Гроуп ДООЕЛ Скопје

Претседателот на Советот – Премтим Исени и координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова на 22.04.2019 година беа во посета на друштвото за ревизија А&БА Гроуп ДООЕЛ Скопје.

На состанокот се дискутираше за Законот за вршење на сметководствени работи. Претставниците на друштвото за ревизија, Дарко Калин и Бојан Петрески предложија ангажманот согласно МСР 720 конзистентност на годишниот извештај со годишната сметка и со ревидираните финансиски извештаи да се издвои како посебен ангажман за друштва кои што имаат регулаторна обврска по истото. Исто така, имаа и некои конструктивни предлози во однос на неопходноста од измена на Законот за ревизија, посебно во делот на дисциплинските мерки кога на друштвото за ревизија му се одзема лиценцата за работа, но не и на овластениот ревизор.