Колм Дун во работна посета на СУНР

На 21.10.2015 година во работна посета на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија беше висок претставник на Европската комисија г-дин Колм Дун. На состанокот присутни беа Претседателот на Советот, Соња Ѓелова – Стојанова, претставници од вработените на Советот и д-р Атанаско Атанасовски како консултант во Центарот за реформи во финансиско известување на Светска Банка во Виена. На состанокот се дискутираше за РЕПАРИС – регионалната програма која беше спроведена од Центарот за реформи во финансиското известување на Светска Банка од Виена. Г-динот Колм Дун посебно истакна дека од страна на Европската комисија во текот на 2016 година на Советот ќе му бидат на располагање твининг програми со цел стручно унапредување на вработените во Советот и зајакнување на меѓународната соработка со останатите регулатори на ревизијата од земјите членки на Европската Унија.