Известување

Почитувани,

 

Со оглед на моменталната ситуација, а во интерес на спречување на ширење на вирусот Covid-19, Советот за унапредување и надзор на ревизијата ја известува пошироката јавност дека барањата/известувањата/дописите, потребно е да бидат доставени по електронски пат на contact@sunr.mk.

 

Нагласуваме, дека и доставата на Извештаите за транспарентност и Извештаите за реализација на препораките од спроведената контрола на квалитет согласно со член 20-а став (6) од Законот за ревизија, Друштвата за ревизија и Овластените ревизори – трговци поединци, исклучиво да ги доставуваат по електронски пат на горенаведената меил адреса.

 

Останете во добро здравје!

Со почит,

Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија