На 14-ти и 15-ти Октомври 2015 година, Претседателот на Советот, г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и претставник од вработените на Советот учествуваат на конференцијата FrCop организирана од Светска Банка – Центарот за реформи во финансиското известување од Виена. Конференцијата се одржа во Тирана, Република Албанија и на истата свои излагање имаа сите учесници, вклучително и Советот. Презентациите се однесуваат на начинот на кој е поставен системот за контрола на квалитет на ревизорските услуги во Република Македонија. На конференцијата присутен беше и заменик амбасадаорот на Република Македонија во Тирана, г-дин Леонард Марку.
Презентацијата околу поставеноста на системот за контрола на квалитет на ревизорските услуги можете да ја преземете од следниот линк.
Презентацијата околу поставеноста на системот за финансиско известување во Република Македонија можете да ја преземете од следниот линк.