На 02.04.2019 година, во посета на друштвото за ревизија Дилоит ДОО Скопје (Deloitte), беа претсавници од Советот во состав: Премтим Исени – претседател на Советот, Дафина Талева Хаџи Васкова – координатор на стручната служба, Светлана Ѓорѓиевска – соработник и проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска – член на Советот.
Oвластените ревизори Лидија Нануш, Александар Аризанов и Јане Иванов во Дилоит ДОО Скопје, ги детектираа проблемите со кои ревизорската професија во Република Северна Македонија се соочува низ годините, нагласувајќи ги последиците кои би се рефлектирале во економијата доколку истите не бидат надминати. На средбата ги набележаа можностите и предностите што се добиваат од примената на ИТ системите во вршењето на ревизијата.
Претставниците на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, ја истакнаа својата заложба за придонес кон подобрување на окружувањето во кое дејствуваат друштвата за ревизија, во рамките на своите надлежности, а со цел унапредување на ревизорската професија.