Меморандум за соработка помеѓу СУНР и БСВ

На ден 06.05.2015 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (Советот) и Бирото за судски вештачења (Бирото) потпишаа Меморандум за Соработка. Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу Советот и Бирото поврзана со размена и користење на информации и за размена на искуства помеѓу двете институции.

Нов меморандум за соработка – СУНР и УФР

На ден 12.05.2015 година, Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) и Министерство за Финансии – Управа за финансиско разузнавање (УФР) потпишаа Меморандум за Соработка. Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНРРМ и УФР поврзана со размена и користење на информации и за размена на искуства помеѓу двете институции.