Работна средба со претставниците на европската делегација во Скопје

Председателот на Советот Премтим Исени на 11.03.2019 година, во просториите на Советот одржа работна средба со претставници на Европската Делегација во Скопје.

На средбата присуствуваа Константин Јовановски, Програм офицер од Оперативниот сектор 1 при Европската Делегација во Скопје придружуван од Проектт менаџери Елизабета Георгиева и Емилија Белогаска.

Претседателот на Советот ја запозна делегацијата со улогата и значењето на Советот како самостојно и независно регулаторно тело ,со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија и со активностите што ги има преземено новиот состав на Советот во текот на последната година ипол од конституирањето.Притоа делегацијата беше запозната и со заинтересираноста и иницијативите на Советот за институционален и регулаторен развој на стручната служба на Советот,со цел градење на капацитетите за вршење самостоен и независен регулаторен надзор на ревизорската професија ,користејки ги инструментите на предпристапна помош на Европската Унија.

Во отворена и конструктивна дискусија , на средбата беа утврдени насоките за идно продлабочување на соработката помеѓу Советот и ЕУ Делегација во Скопје , со цел активно партиципирање на Советот во процесот на скринингот со Европската комисија во Брисел во процесот на користење на ЕУ фондови,што би придонело до побрза и оптимална имплементација на ЕУ Директивите и регулативи од областа на ревизија и сметководство.